• вторник, 24 декември 2024

Словенецот Тадеј Погачар победник на Тур де Франс 2020

Словенецот Тадеј Погачар победник на Тур де Франс 2020
Париз, 20 септември 2020 (МИА) – На последната финална етапа на најголемата велосипедска трка во светот -Тур де Франс победник е Сем Бенет, кој беше најбрз во завршниот спринт на Елисејските полиња. Сепак словенецот Тадеј Погачар, 21 година, е победникот на годинашново издание, со што тој сатана најмладиот победник на трката од 1904 година. Со два месеци задоцнување поради пандемијата, Тур де Франс заврши вечерва во Париз. Словенецот станува најмладиот победник на трката после победата на од Анри Корнет, во 1904 година. Годинашново издание беше во знакот на Словенците, се до вчера жолтата маичка беше на грбот на еден друг Словенец Примож Рогалиќ. Тој, две недели доминираше на трката, но неговиот помлад сонародник вчера го победи и му ги скрати  надежите за победа. Тадеј Погачар не е почетник: четврти на Трката на Словенија со 19 години, тој ја освои Трката во Калифорнија следната година. За евиденција, ќе се сетиме дека тој доби на подиумот ... плишено мече! Бидејќи на помалку од 21 година, тој е премногу млад за да отвори шампањ во САД. Минатиот август, тој заврши на четвртото место на Критериумот на Дофине. На ова издание на Тур де Франс, тој веќе се истакна во планинските етапи: во Ларунс, на Пиринеите, каде ја освои 9-та етапа. Во оваа прилика тој го сруши рекордот за искачување на превалецот Де Пеисурд. Во Јура, тој блескаше на Гранд Колумбие. И, конечно, оваа сабота, во Вогезите, нуди импресивен хронометар помеѓу Лур и Планш де Бел Фиј, соборувајќи го рекордот за искачување на превалецот. Погачар се приклучи на тимот на Емирати од ОАЕ во 2019 година. Таа е една од најбогатите во групата, со поддршка на моќната авиокомпанија Емирати. Неговата формација доаѓа од поранешната италијанска екипа Лампре, една од најстарите екипи. Поранешниот спортски шеф на Лампре, Џузепе Сарони, исто така е советник на Обединетите Арапски Емирати. Тимот е присутен од 2017 година во WorldTour, првата лига во светот на велосепидизмот. Емиратите ОАЕ во своето раководство имаат двајца поранешни менаџери на тимот на Соние Дувал, именувани по производителот на котелот, Швајцарецот Мауро Џианети (56) и Шпанецот Јоксиан Матксин Фернандез (49). Тимот се најде на насловните страници во 2008 година кога Италијанецот Рикардо Рико, кој беше позитивен на ЕПО, ја напушти Тур де Франс спроведен од жандармите. тг/зс/

Остани поврзан