Словенецот Погачар по втор пат победник на Тур де Франс
- Словенецот Тадеј Погачар по втор пат е убедлив победник на Тур де Франс, по денешната за него формална етапа на Елисејските полиња, јави дописникот на МИА.

Париз, 18 јули 2021 (МИА) – Словенецот Тадеј Погачар по втор пат е убедлив победник на Тур де Франс, по денешната за него формална етапа на Елисејските полиња, јави дописникот на МИА.
Во финалниот пласман Погачар ги победи Данецот Јонас Вингегард и Еквадорецот Ричард Карапаз, кои за првпат се најдоа на подиумот.
Разликата меѓу првите двајца, е над на пет минути, и досега е најголема од 2014 година.
Словенечкиот велосипедист на својата држава и го донесе вториот трофеј во 108 изданија на престижниот Тур де Франс. тг/зс/