• среда, 25 декември 2024

Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре

Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре

Братислава, 17 мај 2024 (МИА) - Судијата на Специјализираниот кривичен суд во Словачка утре ќе донесе одлука за побараниот притвор за осомничениот атентатот на премиерот Роберт Фицо, Јурај Цинтула.

Надлежен обвинител до судот веќе достави предлог за притворање на 71-годишниот Цинтула од местото Левице, кој завчера, по седницата на Владата, неколкупати пукаше во премиерот и тешко го рани.

-Обвинителот побара притвор за обвинетиот поради евентуално бегство и поради ризик од повторување на делото, изјави портпаролката на судот, Катарина Куѓакова.

Цинтула беше уапсен веднаш по нападот и се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда од прв степен, за што му се заканува казна и до 25 години затвор, па дури и доживотен затвор.

Министрите за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток и за одбрана Роберт Калињак, нападот го оценија како политички мотивиран, пишува Актуалити. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан