Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Фицо
- -Роберт Фицо ја заборава Словачка. Наместо да биде во својата земја и да работи на решавање на проблемите, тој патува низ светот и им се поклонува на диктаторите, рече Симечка на прес-конференција

Братислава, 14 јануари 2025 (МИА) - Словачките опозициски партии ќе бараат гласање недоверба на владата на премиерот Роберт Фицо, изјави денеска лидерот на најголемата словачката опозициска партија „Прогресивна Словачка“ , Мичел Симечка, цитиран од британските медиуми.
Барањето за недоверба се поднесува откако премиерот Фицо минатиот месец отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
-Роберт Фицо ја заборава Словачка. Наместо да биде во својата земја и да работи на решавање на проблемите, тој патува низ светот и им се поклонува на диктаторите, рече Симечка на прес-конференција.сд/
фото:ЕПА