• среда, 20 ноември 2024

Словачкиот премиер Едуард Хегер поднесе оставка

Словачкиот премиер Едуард Хегер поднесе оставка

Братислава, 7 мај 2023 (МИА) - Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска изјави дека ја доставил својата оставка до претседателката Зузана Чапутова, по долготрајната политичка криза.

„Побарав од претседателката да ми го одземе мандатот“, изјави Хегер, кој е на чело на преодната влада од декември.

Хегер рече дека сите негови одлуки ќе бидат усогласени со Чапутова, со која ќе се сретне во текот на денот.

Словачкиот парламент на 15 декември и изгласа недоверба на коалициската влада предводена од Хегер. Оттогаш тој раководи со преодна влада до одржување нови избори на 30 септември.

Неодамна политичката криза се продлабочи во Словачка, земја со 5,4 милиони жители, членка на Европската унија и НАТО.

Министерот за земјоделство Самуел Влчан во четвртокот ја објави својата оставка откако беше откриен случај во врска со субвенција од 1,4 милиони евра доделени на неговата компанија.

Следниот ден и министерот за надворешни работи Растислав Качер изрази желба да ја напушти владата, но не ги прецизираше причините за неговата одлука. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан