• среда, 27 ноември 2024

Словачкиот премиер го преживеа гласањето за недоверба

Словачкиот премиер го преживеа гласањето за недоверба
Братислава, 24 јули 2020 (МИА) - Словачкиот премиер Игор Матович го преживеа гласањето за недоверба поради обвинувањата за плагијат на дипломскиот труд. Од 125 присутни пратеници, само 47 гласале за недоверба кон Матович. Резултатот од гласањето бил очекуван, имајќи предвид дека коалицијата која ја предводи словачкиот премиер има мнозинство во Парламентот. Опозицијата побара гласање за недоверба откако во медиумите се појавија наводи дека Матович направил плагијат на поголем дел од дипломскиот труд за влијанието на даночниот систем на претпријатијата на Универзитетот Коменски во Братислава во 1998 година. Словачкиот премиер во врска со таквите обвинувања изјави дека не е запознат оти направил нешто лошо. Тој призна дека не посветил многу внимание на своите студии на Факултетот за менаџмент во текот на последните две години, имајќи предвид дека во тој период веќе имал своја издавачка куќа. гт/

Остани поврзан