• сабота, 23 ноември 2024

Славески: Совет на Град Скопје, може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на Град Скопје

Славески: Совет на Град Скопје, може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на Град Скопје

Скопје, 22 февруари 2024

Мојот одговор до градоначалникот Арсовска на барањето вонредна седница на Совет на Град Скопје околу случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов:

ПРЕДМЕТ: Одговор, ваш допис допис бр. 27-2143/1 од 22.02.2024 год.

Почитувана,

Во врска со вашиот допис бр.27-2143/1 од 22.02.2024 година со барање за свикување вонредна седница на Совет на град Скопје, со единствена точка на дневен ред: „Да му помогнеме на младиот Леонид Индов – да ја обезбедиме потребната помош за лекувањето на леонид Индов“, Ве известувам за следното:

1. Вашето барање за свикување итна седница е воедно ваша „инцијатива за донесување на одлука со која советниците ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од Градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид“.

2. За поздравување е хуманитарната акција организирана од Град Скопје и се надевам дека вашиот личен пример за донирање на една месечна нплата ќе го следат и други субјекти од Градот и институциите во негова надлежност, вклучително и членови на Совет.

3. Сепак, должен сум да Ве информирам дека Совет на град Скопје не може да донесе одлука со која би ве задолжил Вам како градоначалник или советниците за донирање средства за споменатата намена.

4. Совет на град Скопје може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на град Скопје, утврдени за соодветната намена.

5. Доколку биде доставена таква предлог-Одлука со која од Буџет на град Скопје би се донирале средства за помош при рехабилитацијата на Леонид Индов, како Претседател на Совет на град Скопје ќе закажам вонредна седница во рокот утврден со Закон и Статут.


Трајко Славески, претседател на Совет на Град Скопје

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива 

Остани поврзан