Слаб земјотрес регистриран во централна Хрватска
- На подрачјето на Банија, централна Хрватска утрово е регистриран слаб земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала

Загреб, 11 февруари 2022 (МИА) - На подрачјето на Банија, централна Хрватска утрово е регистриран слаб земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на пет километри западно од Петриња и 13 километри јужно од Сисак, на длабочина од пет километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Загреб.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Петриња на 29 декември 2020 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку шест лица, а 20 беа повредени. Земјотресот предизвика голема материјална штета во Петриња и во околината. ми/