Скотланд Јард: Нападот со нож во лондонската џамија не е терористички акт
- Британската полиција смета дека нападот со нож во централната џамија во Лондон не претставува терористички акт, се посочува во соопштението на прес службата на Скотланд Јард.
Лондон, 20 февруари 2020 (МИА) - Британската полиција смета дека нападот со нож во централната џамија во Лондон не претставува терористички акт, се посочува во соопштението на прес службата на Скотланд Јард.
-Истражителите на инцидентот во џамијата не сметаат дека тој е поврзан со тероризам, соопшти полицијата.
„Мажот (29), кој присуствувал на молитвата, е задржан внатре во џамијата под сомнение за обид за убиство“, се наведува во друго соопштение на Скотланд Јард.
Жртвата на напаѓачот е возрасен маж, кој добил неколко убодни рани. Тој е однесен во болница и според лекарите нема опасност за неговиот живот.
Британскиот премиер Борис Џонсон реагираше за инцидентот и на Твитер напиша дека е „силно натажен од нападот во централната џамија во Лондон“. сд/