• четврток, 30 јануари 2025

Скопје ќе биде домаќин на состанок на лидерите од регионот за Планот за раст за Западен Балкан

Скопје ќе биде домаќин на состанок на лидерите од регионот за Планот за раст за Западен Балкан

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Северна Македонија, во втората половина од март, годинава, ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија. 

Како што соопшти Министерството за европски прашања, одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план.

-Оваа одлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство, стои во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот. вг/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан