• понеделник, 23 декември 2024

Скопје домаќин на Меѓународен турнир во традиционално карате

Скопје домаќин на Меѓународен турнир во традиционално карате

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје викендов ќе се одржи ИТКФ Балкан опен шампионат во традиционално карате за сите возрасни категории и дисциплини.

 

Денес ќе настапат најмладите деца од 6 до 13 години, а утре ќе настапат кадетите, јуниорите, младинците и сениорите.

 

Македонската репрезентација брои 85 натпреварувачи, а вкупно ќе настапат 280 напреварувачи од шест земји.

 

Македонската традиционална карате федерација е организатор на Балкански шампионат по трет пат. зс/

Остани поврзан