• сабота, 23 ноември 2024

Скопје домаќин на ИТКФ Светски шампионат

Скопје домаќин на ИТКФ Светски шампионат
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) – Од денес до 13 ноември во спортската сала „Кале“ во Скопје ќе се одржи 21. ИТКФ Светски шампионат во традиционално карате за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети и 1. Светски куп за деца “Хидетака Нишијама”. МТКФ за прв пат е организатор на еден ваков светски настан на кој ќе учествуваат над 500 каратисти од 44 земји. За македонската репрезентација ќе настапат 78 натпреварувачи во сите возрасни категории и дисциплини. зс/

Остани поврзан