• четврток, 26 декември 2024

Скопјанец приведен затоа што возел во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје

Скопјанец приведен затоа што возел во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје

Тетово, 9 ноември 2024 (МИА) - Возач на 67 години од Скопје синоќа, во 19:25 часот, е приведен од тетовската полиција затоа што возел во спротивен правец на автопатската обиколница за Тетово.

-Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го привеле В.Т.(67) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека тој со неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, на автопатот Тетово-Скопје се движел во спротивен правец, од наплатна станица Тетово кон наплатна станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот. Тој е задржан во полициска станица, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

По документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни поднесоци. ас/мд/

фото: МИА 

Остани поврзан