• сабота, 23 ноември 2024

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификувана потврда за ПЦР тест

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 24 април, 21-годишниот скопјанец се обидел да замине за Истанбул со лет од Меѓународниот аеродром – Скопје, употребувајќи фалсификуван сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.

-Скопјанецот иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и оти таков сертификат не е издаден на негово име, осомничениот пред аеродромските службеници ја прикажал лажната исправа како вистинска, соопшти Обвинителството.​​ дма/лв/

Остани поврзан