• петок, 15 ноември 2024

Скопјанец, неговиот брат и татко измамени од лице кое се претставувало како полициски службеник

Скопјанец, неговиот брат и татко измамени од лице кое се претставувало како полициски службеник

Скопје, 24 јуни 2023 (МИА) - Во СВР Скопје вчера 36-годишен скопјанец пријавил дека тој, неговиот татко и неговиот брат биле измамени од едно лице, кое се претставувало дека е полициски службеник и дека ќе им помогне за случај од пред неколку години, при што им побарал мобилен телефон како подарок за обвинител.

Според пријавеното, како што информираат од МВР, на почетокот на април оваа година лицето дошло со брат му во нивниот дом и претставувајќи се дека е полициски службеник, им ветил дека преку обвинител ќе може да им помогне за случај од пред неколку години, во кој биле измамени од друго лице.

Како што е пријавено, за услугата тој им побарал мобилен телефон како подарок за обвинителот, а откако му го дале телефонот продолжиле со комуникација до крајот на мај, од кога лицето станало недостапно, по што сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.бт/ев/

Остани поврзан