• среда, 27 ноември 2024

СКЗМ со денешната средба со лидерите на АА и Алтернатива ги почна традиционалните средби кои ги реализира во пресрет на избори

СКЗМ со денешната средба со лидерите на АА и Алтернатива ги почна традиционалните средби кои ги реализира во пресрет на избори
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) - Со денешната средба со лидерите на коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“, Зијадин Села и Африм Гаши, Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) ги почна традиционалните средби кои ги одржува во пресрет на какви било избори, со претседателите на политичките партии што ќе учествуваат на овие локални избори. Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа истакна дека на овие средби ќе ја претставуваат Платформата за економски развој на локално ниво, но исто така ќе сакат да слушнат од кандидати за градоначалници за она за што се залагаат, а тие како бизнис сектор да излезат во пресрет на реализирање на истите цели, но и бараат одгоорност од нив да го исполнат ветеното. - Затоа сме тука денеска, да разговарам со кандидатите и претседателите на партиите, директно да ги анализираме и сослушаме нивните предлози и тоа што нам како бизнис не засега, рече Хоџа. Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците изјави дека бизнисот е многу важен елемент кој им дава значење и вистинитост на ветувањата, што им се даваат на граѓаните. - Од наша гледна точка, како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, како една од точките на нашата програма ја имаме децентрализацијата на локалната власт. Ова е политичка битка што постојано ја водиме и ќе ја водиме. Се разбира, со победа во што е можно повеќе општини оваа битка ќе се постигне. Нам ни е јасно дека бизнисот бара услови и леснотии, но во исто време сме пред локалните избори, сепак мора да создадеме услови локалната власт да создаде можности за бизнисот. Сметаме дека општините треба да управуваат со своите граници, бидејќи во реалноста тие сега имаат граници и немаат надлежности. Тие не управуваат ниту со земјоделско земјиште, ниту со шуми, ниту со други природни ресурси, што е основен елемент што може да се стави во служба на бизнисите со цел да се развијат и други бизниси, рече Села. Африм Гаши, претседател на Алтернатива потенцира дека меѓу барањата на гласачите се економскиот раст и развој, решавањето на реалните проблеми на граѓаните, инфраструктурата. - Ние мислиме дека заедно со СКСЗМ можеме да направиме многу добри работи, да го помогнеме бизнисот за да ги развиеме општините и ова да биде реципрочно, се со цел  тоа да биде во функција на граѓаните, рече тој.фф/ац/

Остани поврзан