• среда, 25 декември 2024

Скеч „Само да прашам“ со порака за одговорноста на институциите

Скеч „Само да прашам“ со порака за одговорноста на институциите

Скопје, 13 јануари 2023 (МИА) - Преку концептот на едукација низ забава Види Вака го изработи скечот „Само да прашам“, дел од серијата приказни за здравствените и општествените лавиринти.

Како што информираат од Види Вака, скечот има за цел да испрати силна порака за одговорноста на институциите при корумпирање на системот.

- Со „Само да прашам“, ситуација во која најверојатно сите сме се нашле, сакаме да покажеме дека иако изгледа дека самите ние сме виновни за врските и прескокнување на редот во здравството, некој тоа мора да го поттикне и прифати, дека најголемата одговорност за корумпирање на системот лежи во институциите, посочува во пишана изјава Мите Кузевски, ко-основач на Види Вака.

Скечот „Само да прашам“ е во продукција на Види Вака, а во видеото глуми актерот Дритон Вејсели и голем број на статисти. Режијата е на Ханис Багашов, а директор на фотографија е Феjми Даут. Сценарист на приказната е Георги Унковски.

Од Види Вака најавуваат дека ќе продолжат да инвестираат во концептот на едукација низ забава, како еден од најефикасните методи на правење и градење позитивни промени во општеството. ар/лв/

 

Остани поврзан