• понеделник, 23 декември 2024

Скалони се двоуми дали да ја напушти репрезентацијата на Аргентина

Скалони се двоуми дали да ја напушти репрезентацијата на Аргентина

Рио де Жанеиро, 22 ноември 2023 (МИА) - Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, по победата над Бразил (1:0) ноќеска во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026 година, навести можна оставка од функцијата.

- Сега е време да ја запреме топката и да почнеме да размислуваме. Овие играчи ми дадоа многу и треба многу да размислувам што ќе правам со мојата иднина. Не е збогум, но границата е многу висока затоа што одзема многу енергија. Тешко е да продолжиш и тешко е да продолжиш да победуваш. Време е за размислување. Затоа што на тимот му треба тренер кој има максимална енергија и целосно да е посветен на работата, изјави Скалони за „TNT“.

Аргентинците освоија 15 бодови и се на првото место во поредокот. Бразилците се на 6. место со седум бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан