• сабота, 21 декември 2024

Си Џинпинг повика на сеопфатни напори за заштита на Кина од поплави

Си Џинпинг повика на сеопфатни напори за заштита на Кина од поплави

Пекинг, 18 јуни 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на сеопфатни напори за заштита на животите и имототите од поплави откако јужните провинции на Кина беа поплавени.

Тој повика да се направат сите можни напори за ослободување на заробените луѓе и за пронаоѓање на исчезнатите во поплавите и свлечиштата во јужна Кина. Повеќе од десет лица загинаа во поплавите и одроните предизвикани од обилните врнежи во последните денови во јужните кинески провинции.

Во провинцијата Гуангдонг, најмалку пет лица загинаа, а 13 останаа заробени поради поројни поплави и лизгање на земјиштето, објавија кинеските државни медиуми.

Медиумите јавуваат дека се уништени повеќе од 1.400 куќи, а уништени се 8.000 хектари род. 

Четири лица загинаа во поплавите во југоисточната провинција Фуџијан. Четири лица се водат како исчезнати во големите поплави во регионот Ксинџијанг.

Метеоролозите најавија дека пообилни врнежи се очекуваат во јужните кинески провинции. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан