Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации
- Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Рита Колумбиа, новоименуван постојан координатор на Обединетите Нации во земјава со која разговараше за тековните активности и проекти коишто со поддршка на Организациите на ОН се реализираат кај нас при што беше нагласена досегашната одлична институционална соработка, на сите нивоа и области.

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Рита Колумбиа, новоименуван постојан координатор на Обединетите Нации во земјава со која разговараше за тековните активности и проекти коишто со поддршка на Организациите на ОН се реализираат кај нас при што беше нагласена досегашната одлична институционална соработка, на сите нивоа и области.
Како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки за именувањето на функцијата, го изразила задоволството од досегашниот исклучителен придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција, како и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните.
Двете соговорнички разговарале за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети. сст/дма/
Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова