• вторник, 24 декември 2024

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен факт и реалност, ќе го почитувам

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен факт и реалност, ќе го почитувам

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен факт кој ќе го почитува иако е критичар на неговата содржина.

Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор.

- Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам  тука дека е тоа  повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор. Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и  јас ќе ја почитувам, рече Сиљановска Давкова. фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан