• сабота, 23 ноември 2024

Сиљановска Давкова по обидот за убиство на Трамп: Нема место за политичко насилство во демократските држави

Сиљановска Давкова по обидот за убиство на Трамп: Нема место за политичко насилство во демократските држави

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, наојстро го осуди инцидентот и посочи дека нема место за политичко насилство во демократските држави.

-Длабоко сум загрижена поради нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Најостро го осудувам инцидентот во кој беше пукано врз господинот Трамп. За политичкото насилство нема место во демократските држави. На господинот Трамп му посакувам брзо закрепнување, наведува Сиљановска Давкова, соопшти претседателскиот Кабинет.

Нашите мисли се со семејството на починатиот, со повредените лица и со американскиот народ, додава Сиљановск Давкова. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан