Сиљановска Давкова на средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
- Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) Kристина Николовска. Сиљановска-Давкова, како што информираат од Кабинетот, посочила дека имињата на предавачите и слушателите на претстојната 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, се од голем придонес за македонската наука.
Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) Kристина Николовска. Сиљановска-Давкова, како што информираат од Кабинетот, посочила дека имињата на предавачите и слушателите на претстојната 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, се од голем придонес за македонската наука.
На средбата, Сиљановска Давкова била информирана за подготвителните активности на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, што ќе се одржи под нејзино покровителство.
-Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи го значењето на оваа престижна манифестација, како и реномето на Летната школа, истакна дека со актуелностa, имињата на предавачите, како и слушателите коишто присуствуваат дава голем придонес за македонската наука и култура, соопштија од претседателскиот Кабинет.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година. Досега се одржани 56 летни школи и три зимски школи, на кои учествувале над 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот. бт/бак/
Фото: Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија