Сиљановска‑Давкова очекува решение за проблемот со превозниците бидејќи засегнати се национални, регионални и за европски интереси
- Решавање на проблемот очекувам, мислам дека веќе манифестираа свест и одговорност особено што прашањето е регионално, но веќе реков, не се работи само за регионални интереси се работи за европски интереси бидејќи говориме за фирми коишто доаѓаат и од други држави, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска‑Давкова прашана дали очекува решение за блокадата на превозниците од земјава и регионот.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) – Решавање на проблемот очекувам, мислам дека веќе манифестираа свест и одговорност особено што прашањето е регионално, но веќе реков, не се работи само за регионални интереси се работи за европски интереси бидејќи говориме за фирми коишто доаѓаат и од други држави, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска‑Давкова прашана дали очекува решение за блокадата на превозниците од земјава и регионот.
Според неа решението за проблемот со транспортот, е потребно поради тоа што ова прашање не е само национално, туку и регионално и европско.
-Да очекувам да најдат решение, да најдат некаков модус кој што ќе ги третира превозниците како субјекти, економски субјекти што придонесуваат не само за македонската и за регионалната економија туку и за европската, додаде Силјановска‑Давкова.
Претседателката рече дека прашањето го таргетира регионот, дури и, како што рече, има врска и со нашата партиципација во НАТО.
-Зошто? Бидејќи ако нашата економија без наша вина оди долу, и ако економскиот раст биде успорен, тогаш и нашата способност да партиципираме во издвојувањата, вклучувајќи ги и овие за НАТО, се разбира дека е проблем и за НАТО. И затоа ние очекуваме разбирање и решавање, потенцира Сиљановска‑Давкова. бк/вг/
фото: МИА