Сијарто: Во прекин испораката на руска нафта за Унгарија по украински напад врз нафтовод
- Сијарто напиша на Фејсбук дека разговарал со рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин, кој го информирал дека експерти работат на поправка на трансформаторската станица, но не е јасно кога ќе продолжи снабдувањето.
Будимпешта, 18 август 2025 (МИА) - Испораките на руска сурова нафта за Унгарија се прекинати откако Украина нападна трансформаторска станица на нафтоводот што води кон Унгарија, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, цитиран од британските медиуми.
Сијарто напиша на Фејсбук дека разговарал со рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин, кој го информирал дека експерти работат на поправка на трансформаторската станица, но не е јасно кога ќе продолжи снабдувањето.сд/
фото: МИА архива