• среда, 25 декември 2024

Сијарто: Војната му донесе многу неволји на светот, потребен е итен прекин на огнот и преговори

Сијарто: Војната му донесе многу неволји на светот, потребен е итен прекин на огнот и преговори
Будимпешта, 19 септември 2022 (МИА) - Војната му донесе многу неволји на целиот свет, затоа е време земјите да се обединат за мир, порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во објава на својот Фејсбук профил. Во објавата посветена на Генералното собрание на Обединетите нации, на кое Сијарто по седми пат ја претставува Унгарија, тој посочи дека годинашното Генерално собрание ќе биде посебно затоа што има војна во соседството. „За да се стави крај на војната, потребен е итен прекин на огнот и мировни преговори“, напиша Сијарто, додавајќи дека за ова нема поширока и посоодветна платформа од Обединетите нации. Тој посочи дека мерилото за успешноста на годинашното собрание ќе се одрази и во тоа „дали ќе се приближиме до мирот или не“ и дека оваа светска организација е пред еден од најважните тестови на своето постоење. Генералното собрание на Обединетите нации се одржува во Њујорк од 13. до 26 септември. паг/    

Остани поврзан