Сити пред Реал и Баерн, Шкендија најдобро пласиран македонски клуб
- Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави денеска најновото рангирање на европските клубови.

Нион, 12 јули 2024 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави денеска најновото рангирање на европските клубови.
Ранкингот вообичаено се одредува според постигнатиот ефект на клубовите во последните пет сезони во еврокуповите, но бидејќи веќе е започната новата сезона 2024/2025 година, коефициентите се одредени според постигнатите резултати во последните четири сезони.
На првото место е Манчестер Сити со коефициент 123.000. Втор е актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид (119.000), а на третото место е Баерн (108.000). Во првите десет се и Ливерпул, Рома, ПСЖ, Виљареал, Борусија Дортмунд, Челзи и Интер.
Најдобро позициониран македонски клуб е Шкендија на 179 место, пет позиции погоре од Шкупи. ег ФОТО: Икс