• среда, 24 јули 2024

Сити подготвува нова понуда за Кулибали

Сити подготвува нова понуда за Кулибали
Манчестер, 18 јули 2020 (МИА) - Манчестер Сити подготвува нова понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пишува „Газета дело Спорт“. „Граѓаните“ не го кријат својот интерес кон Сенегалецот. Главната задача на Пеп Гвардиола е сериозно да ја засили дефанзивната линија во текот на летото, откако токму тука беа најголемите проблеми за неговиот тим оваа сезона. Кулибали е еден од првите играчи кои ги посакува шпанскиот менаџер. Манчестер Сити е подготвен да извади понуда во вредност од 76 милиони евра за него. Во оваа фаза, сепак, не е јасно дали претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ќе прифати таква понуда, бидејќи тој досега инсистираше на тоа дека не би го ослободил 29-годишниот за помалку од 100 милиони евра. Сити не е единствениот кандидат за потписот на Кулибали. За него, исто така, се вели дека е посакуван од големите ривали на „граѓаните“, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, како и од Пари Сен Жермен.

Тагови

Остани поврзан