• петок, 05 декември 2025

Сирски: Украинските сили го контролираат северниот дел од Покровск

Сирски: Украинските сили го контролираат северниот дел од Покровск

Киев, 4 декември 2025 (МИА) - Украинските сили ги држат своите позиции во северниот дел на Покровск, во регионот Доњецк, изјави врховниот командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски, цитиран од британските медиуми.

Сирски напиша на Фејсбук дека посебно внимание се посветува на отворање дополнителни логистички рути, организирање навремени медицински евакуации и спротивставување на руски беспилотни летала и артилерија.

„Битката продолжува. Украинските воени единици продолжуваат да го контролираат северниот дел од Покровск“, додаде тој.сд.јт/ 

фото:МИА архива

Остани поврзан