• сабота, 21 декември 2024

Сирија: Антирежимски вооружени групи освоија уште четири населби во Хама

Сирија: Антирежимски вооружени групи освоија уште четири населби во Хама

Дамаск, 4 декември 2024 (МИА) - Бунтовничките вооружени групи што се спротивставуваат на режимот на Башар ал Асад во Сирија, денеска освоија уште четири населби во провинцијата Хама, јавува Анадолија.

Овие сили напредуваат во провинцијата Хама откако на 27 ноември започнаа судирите со силите на администрацијата на Ал Асад.

Борејќи се против режимските сили на околу пет километри од центарот на градот Хама, овие групи презедоа контрола врз неколку подрачја, меѓу кои Пасиф, Елџид, Ал-Карим и Хамра.

Дополнително, тие ја освоија и школата за оклопен корпус во близина на центарот на градот Хама, која претставува една од клучните бази на сириските владини сили и служи како главен штаб на 25. бригада.

Судирите започнаа на 27 ноември меѓу силите на Асад и вооружените групи во западниот дел на Алепо, што ја означи повторната ескалација на конфликтот по периодот на релативно затишје во граѓанската војна која започна во Сирија во 2011 година. ссм/

фото: Гугл мапи

Остани поврзан