• недела, 09 март 2025

Сирискиот лидер упати апел за национално единство и мир по повеќе од 1.000 убиени во судири

Сирискиот лидер упати апел за национално единство и мир по повеќе од 1.000 убиени во судири

Дамаск, 9 март 2025 (МИА) – Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара повика на мир и национално единство по повеќедневните судири меѓу безбедносните сили и лојалистите на поранешната влада во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе, повеќето од нив цивили Алеути.

- Мораме да го зачуваме националното единство и граѓанскиот мир колку што е можно повеќе и, ако даде Бог, ќе можеме да живееме заедно во оваа земја, рече Шара во говор одржан од џамија во Дамаск.

Сириската невладина Опсерваторија за човекови права вчера соопшти дека само од четвртокот во Сирија се убиени 300 цивили во судирите меѓу сириските безбедносни сили и сојузничките групи со лојалистите на соборениот претседател Башар ал Асад во западниот дел на земјата.

Ова е прво насилство од ваков размер откако бунтовничката коалиција предводена од радикалната исламистичка сунитска група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) ја презеде власта во Сирија на 8 декември.

Судирите избувнаа во четвртокот по неколкудневните тензии во регионот Латакија, упориште на алавитското малцинство, огранок на шиитскиот ислам на кој му припаѓа семејството на Асад. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан