• четврток, 15 јануари 2026

Сириската армија ги повика курдските сили да се повлечат источно од Алепо

Сириската армија ги повика курдските сили да се повлечат источно од Алепо

Дамаск, 13 јануари 2026 (МИА) - Сириската армија ги повика курдските сили да се повлечат во зоната што ја контролираат помеѓу Алепо и реката Еуфрат откога беа принудени да се повлечат од големиот град во северна Сирија по жестоките борби, јавија француските медиуми.

Армијата ги повика „сите вооружени групи да се повлечат источно од реката Еуфрат“, која тече низ северна Сирија. 

Сириската армија исто така објави мапа на која е прикажан регионот што треба да се евакуира со црвена боја предупредувајќи дека сега ќе се смета за затворена воена зона.сд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан