Сирени во Багдад: Ракети ја погодија Зелената зона
- Две ракети ја погодија Зелената зона во Багдад, поради што се активирале сирени за тревога во американската амбасада во ирачкиот главен град, објавија западните медиуми.

Багдад, 5 март 2020 (МИА) - Две ракети ја погодија Зелената зона во Багдад, поради што се активирале сирени за тревога во американската амбасада во ирачкиот главен град, објавија западните медиуми.
Очевидци тврдат дека виделе чад и слушнале експлозии.
Една од ракетите, наводно, паднала во близина на турската амбасада.
Овој строго обезбедуван дел од градот често е мета на ракетни напади во последните неколку месеци, но ретко има жртви. гт/