• понеделник, 23 декември 2024

Синот на Бајден се изјасни за невин, републиканците лобираат за импичмент на претседателот

Синот на Бајден се изјасни за невин, републиканците лобираат за импичмент на претседателот

Вашингтон, 26 јули 2023 (МИА) - Хантер Бајден, син на претседателот Џо Бајден, се изјасни за невин во однос на обвинувањето за неуплатени даноци а откако судијка од федерален суд во Вилмингтон, Делавер, нареди одложување на процесот.

Републиканските законодавачи остро го искритикуваа овој развој на настаните и ветија продолжување на истрагата за покренување импичмент на Бајден. А поврзано со мито што претседателот наводно го примил кога му беше потпретседател на Барак Обама.

Одложувањето на договорорт меѓу синот на Бајден и Министерството за правда е поради тоа што судијката Мариелен Нореика, номинирана од времето на Доналд Трамп, рече дека не е подготвена да прифати ревидиран договор. Таа побара од двете страни дополнителни брифинзи за подобро објаснување на правната структура на договорот со обвинителството. Бајден потоа се изјасни за невин.

Обвинителите претходно соопштија дека тој не платил од 1,1 милиони до 1,5 милиони долари данок пред крајниот рок за уплата на даноци и имаше намера да се изјасни за виновен по две точки, а обвинителите се сложија на условна казна.

Републиканските законодавачи остро го искритикуваа министерството откако се дозна за договорот и во случај на неуспех очекуваат да се засили истрагата околу некои минати активности на претседателот Бајден.

Спикерот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, претходно укажа и дека истрагата може да прерасне во процес за импичмент. Кон овој повик веќе се приклучени речиси сите републиканци во Конгресот, па и Том Меклинток, претставник од Калифорнија, кој досега беше воздржан. кб/

Остани поврзан