• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Синер повторно го ангажираше Ферара

Синер повторно го ангажираше Ферара

 

Рим, 23 јули 2025 (МИА) – Тенисерот број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер, повторно го ангажираше својот поранешен кондиционен тренер, Умберто Ферара.

Синер лани се раздели од Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди откако против него беше поведена истрага за допинг и користење на забранетиот лек клостебол, што резултираше со тримесечна суспензија по спогодбата со Светската антидопинг агенција (ВАДА).

На Синер му беше изречена само тримесечна суспензија, откако беше утврдено дека италијанскиот тенисер нема директна вина во случајот.

„Умберто одигра важна улога во развојот на Јаник, а неговото враќање го покажува неговиот фокус на продолжување на играњето на највисоко ниво“, објавија од таборот на Синер.

Откако се раздели со Синер, Ферара работеше со друг италијански тенисер, Матео Беретини, во првата половина од оваа година. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан