Синер: Во тенисот има падови и успеси
- Големо изненадување на турнирот во Доха направи тенисерот од Чешка Јакуб Меншик, кој со 2:1 во сетови успеа да го победи Италијанецот Јаник Синер
Доха, 20.февруари 2026 (МИА) – Големо изненадување на турнирот во Доха направи тенисерот од Чешка Јакуб Меншик, кој со 2:1 во сетови успеа да го победи Италијанецот Јаник Синер. Италијанскиот тенисер оваа календарска година сè уште нема успех на некој од поголемите турнири откако доживеа елиминација во полуфиналето на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ.
- По две извонредни години сега се наоѓам во мал пад, но тоа не ме загрижува. Знам дека ќе успеа да се вратам на победничките патеки. Јакуб одигра извонреден меч, сервираше одлично. Во нашиот спорт има и падови и успеси и ќе се обидам на турнирот во Индијан Велс да ја повратам формата, изјави Синер по поразот од Меншик.
Притоа надополни дека кога станува збор за турнирите кои му следуваат потенцираше дека подобро се снаоѓа на Мастерсот во Мајами, отколку на тој во Индијан Велс. мн/
Фото: ЕПА