• петок, 20 декември 2024

Синер амбасадор на програмата за волонтери за зимските Олимписки и Параолимписки игри 2026

Синер амбасадор на програмата за волонтери за зимските Олимписки и Параолимписки игри 2026

 

Милано, 19 септември 2024 (МИА) – Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, кој неодамна го освои Отвореното првенство на САД, денеска во Милано беше назначен за амбасадор на „Тимот 26“ – програма за регрутирање волонтери за организација на Зимските олимписки и параолимписки игри 2026 година.

Фондацијата Милано Кортина, која го назначи Синер, е основана на 9 декември 2019 година и ги спроведува сите организациски, промотивни и комуникациски активности за спортски и културни настани поврзани со Зимските олимписки и параолимписки игри 2026 година.

Роден во близина на италијанско-австриската граница, Синер (23) помина долго време како тинејџер во натпреварувачко алпско скијање пред целосно да се посвети на тенисот.

„Пораснав во еден од најубавите делови на Италија, скијањето за мене е како одење“, рече Синер при претставувањето на програмата Тим 2026 година.

Организаторите на Олимписките игри 2026 година (од 6 до 22 февруари 2026 година) и на Параолимписките игри (од 6 до 15 март 2026 година) сметаат на ангажман на 18.000 волонтери за овие два настани.

Регрутирањето на волонтери ќе биде завршено во пролет 2025 година.

Волонтерите ќе бидат задолжени да ги пречекуваат гостите на станиците, аеродромите и местата за натпревари, да им помагаат на спортистите и нивните тренери во Олимпиското село и да придонесат за непречено одвивање на Олимписките игри. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан