• понеделник, 16 декември 2024

СПМ: Ова раководство на МВР не го релизираше она што го ветуваше

СПМ: Ова раководство на МВР не го релизираше она што го ветуваше

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Во периодот 2016-2023 година во МВР има рекордни 21.852 распоредувања, истовремено од сметката на МВР по налози за извршни судски решенија се одлеани 22.834.231 милиони евра, а во периодот 2017-2023 година – во МВР има 19.898 тужби, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија Орце Коцевски на денешната прес-конференција.

Според него, ова ракодство на МВР, иако најавило воведување позорна служба, тоа не се реализирало.

- Ова раководство на МВР дојде со намера да воведе позорна служба, не беше способно да воведат ниту ветинг кој со години го најавуваа. Раководството во МВР единствено беше способно да се справува со синдикални претставници кои не се плашеа во лице да ја кажуваат вистината, нагласи Коцевски.

Пред шест дена Синдикатот на полиција одржа прес-конференција на која го истакна своето барање за бара зголемување на платите за 15 проценти почнувајќи од јануари, на која претседателот на Синдикатот потенцираше дека моменталната основна плата на полицаец е 16.332 денари. сан/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан