• понеделник, 16 декември 2024

Синдикатите и Општина Струмица договорија зголемување на платите за 2.806 денари

Синдикатите и Општина Струмица договорија зголемување на платите за 2.806 денари
Струмица, 30 јуни 2022 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и директорите на општинските јавни претпријатија денеска постигнаа договор со синдикатите за зголемување на платите на вработените од 2.806 денари. Ова го соопшти ССМ и градоначалникот Костадинов по денешната средба на која присуствуваа претседателот на ССМ, Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, претседателите на општинските синдикални организации и директорите на јавните претпријатија. -На задоволство на работниците и нивните претставници, градоначалникот Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија за покаќување од 2806 денари во нето износ, информираа од ССМ. Градоначалникот Костадинов истакна дека во овие сложени услови за работа и на општината и на јавните претпријатија им е тешко да работат, но најтешко им е на работниците на кои треба да им се помогне кога им е најтешко. Во јавните претпријатија согласно потпишаните спогодби, ќе се склучат и колективни договори на ниво на работодавач со кои ќе биде регулирано ова право. рт/бак/

Остани поврзан