Сингелиќ вечерва од 23 часот без вода
- Жителите на село Сингелиќ вечерва со почеток од 23 часот ќе имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект на улицата „Алија Авдовиќ“ бб , до фурната кај Џамијата на Сингелиќ, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Жителите на село Сингелиќ вечерва со почеток од 23 часот ќе имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект на улицата „Алија Авдовиќ“ бб , до фурната кај Џамијата на Сингелиќ, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
-Ве известуваме дека на ден 31.10.2023 поради уличен дефект на ул. Алија Авдовиќ бб /Сингелиќ (до фурната кај Џамијата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Сингелиќ, велат од претпријатието.
Оттаму информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:00 часот до санирање на дефектот, а ќе се работи во вечерните часови поради фреквентност на улицата. сх/нд/
Фото: МИА Архива