• среда, 27 ноември 2024

Симсон: ЕУ разговара за потенцијално зголемување на испораките на гас

Симсон: ЕУ разговара за потенцијално зголемување на испораките на гас
Амиен, 22 јануари 2022 (МИА) – Европската унија разговара со партнерите за потенцијално зголемување на испораките на гас во европскиот блок, изјави денеска комесарката за енергетика Кадри Симсон по состанокот со европските министри за енергетика во францускиот град Амиен. Недостигот на гас во Европа, за кој се обвинува Русија, доведе до скок на цените на енергијата, додека Москва негира дека манипулира со испораките. Симсон рече дека ќе присуствува на конференции во Азербејџан и Вашингтон во февруари на кои ќе се разговара за начините за зголемување на испораките на гас во Европа. - Нивото на складиран гас во ЕУ е значително пониско од вообичаеното во овој период од годината, рече таа. На средбата во Амиен, министрите разговараа за неизвесноста на пазарот предизвикана од кризата во Украина и значителниот пад на приливот на гас од Русија во последните месеци, рече Симсон. - Мојата порака е дека Европа има силна, добро диверзификувана и отпорна гасна инфраструктура и јасни процедури за солидарност во случај на вонредни ситуации, рече таа. - Но, мораме да останеме исклучително внимателни, да ја подобриме нашата подготвеност да преземаме ризици и да ја зајакнеме солидарноста меѓу земјите-членки, додаде Симсон. јт/

Остани поврзан