• петок, 05 декември 2025

Симпозиум на турската култура се одржа на Филолошкиот факултет во Штип

Симпозиум на турската култура се одржа на Филолошкиот факултет во Штип

Штип, 7 мај 2025 (МИА) - Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип денеска беше коорганизатор на 27. симпозиум на турската култура, кој се одржа како дел од манифестацијата „Пролетни веселби“.

Луси Караниколова Чочоровска, професор на Филолошкиот факултет изјави дека оваа традиција трае повеќе од 30 години, а годинава првпат македонската јавност има можност да го доживее симпозиумот во неговата целост. Негувањето, истражувањето, промовирањето на турската култура во Македонија и светот се дел од точките на кои се разговараше со студентите.

-Денеска Филолошкиот факулт при УГД - Штип е коорганизатор на 27. симпозиум на турската култура, што е составен дел од една поширока манифестација на „Пролетни веселби“, кои што се организираат по 32 пат, а кај нас се оддржува само научен симпозиум, така што ние се вклучивме како коорганизатор на оваа манифестација, изјави Караниколова Чочоровска.

Maкедонските обичаи и фолклор се тесно поврзани и преплетени со турските, рече претседателот на овој симпозиум Селим Тахир, истакнувајќи дека тие даваат поттик за меѓусебна соработка и дружба.

-Главната цел на овој симпозиум е негување, истражување, промовирање на турската култура, како во Македонија, така и пошироко на Балканот, па дури и на светско ниво. Како во јазикот, така и во самите обичаи, култура, самиот фолклор има многу испреплетени работи, што ни дава поттик за оваа меѓусебна соработка и дружење, рече Тахир.

Во центарот на овој фестивал, кој е од голема важност за турската нација е празнување на Хдрелез, кој се одбележува на истиот датум, кога граѓаните на Македонија го одбележуваат верскиот празник Свети Ѓорѓи.

На симпозиумот присуствуваа студентите на факултетот со цел запознавање со културата на Р. Турција и нејзините специфични обичаи, кои се тесно поврзани со Македонија. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан