Симонс: Ми треба време
- Кошаркарот на Бруклин нетс, Бен Симонс го одигра својот прв официјален натпревар за тимот, враќајќи се на теренот откако ја пропушти целата сезона 2021/22.

Њујорк, 20 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин нетс, Бен Симонс го одигра својот прв официјален натпревар за тимот, враќајќи се на теренот откако ја пропушти целата сезона 2021/22.
Симонс ноќеска мечот со Њу Орлеанс пеликанс (108:130) не го заврши натпреварот поради голем број на лични грешки, откако доби шеста опомена на почетокот на четвртата четвртина.
- Ми треба време. Имав операција на грбот и останав надвор од теренот цела сезона. Се случува мозокот да каже дека треба да направам нешто, но телото не се покорува и не се придржува до желбата, рече Симонс.
Австралиецот постигна четири поени оствари по пет скокови и асистенции и имаше три загубени топки. зс/