• сабота, 27 јули 2024

Симонс благодарен на Нетс и Кевин Дурант за довербата во него

Симонс благодарен на Нетс и Кевин Дурант за довербата во него
Њујорк, 12 февруари 2022 (МИА) – Кошаркарот Бен Симонс разговараше со раководството на Бруклин и лидерот на тимот Кевин Дурент по трејдот и неговиот трансфер во Нетс. Според „ESPN“, Симонс бил многу „емотивен“ за време на телефонските повици и им се заблагодарил на Нетс што верувале во него. Симонс е надвор од терените уште од плејофот во 2021 година кога побара дозвола да замине од Филаделфија. Конечно тој најде нова средина по замената со Харден. Тимот на Бруклин нетс се раздели со Џејмс Харден по договорот за Австралиецот. зс/

Остани поврзан