• сабота, 23 ноември 2024

Симовски: Системот се рестартира за да нема проблеми во процесот на попишување

Симовски: Системот се рестартира за да нема проблеми во процесот на попишување
Куманово, 7 септември 2021 (МИА) - Од почетокот досега попишани околу 150.000 лица, информираа денеска надлежните од Државниот завод за статистика. Директорот Апостол Симовски и заменик директорот Иљми Селами денеска ја посетија регионалната пописна комисија за Куманово и Старо Нагоричане. Директорот на Државниот завод за статистика Симовски вели дека се прави апдејт и рестартирање на процесот за да се отстранат какви било проблеми во иднина. - Моите информации се дека се прави апдејт на тоа што вчера се работи и рестартирање на целокупниот процес за да се избегнат какви било падови што може да се сторат со она прекинување на работата на вчерашниот ден и дека немаме проблем во однос на тој дел сега. Денешното рестартирање на процесот е да нема вакви случаи во целиот процес затоа го рестартираме, она што вчера ни се случи тој технички проблем, најдено е решението и се прави ова за да го нема тој проблем. Системот беше прекинат заради тоа што се рестартира. Секогаш кога работите со технологија, можни се вакви случаи тие беа предвидени однапред и затоа има цела екипа и од провајдерот на апликативното решение и од провајдерот на интернет конекцијата, постојана екипа којашто е спремна да интервенира, луѓето интервенираа и еве се отклонуваат работите,изјави Симовски. Досега не е изречена ниту една казна, вели Симовски кој се надева дека нема да биде изречена ниту една до крајот на процесот. За лицата кои се во изолација, попишувачите ќе добијат адреси и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите или ќе се договорат и ќе почекаат додека лицето излезе од изолација. Тој оцени дека има добар прием кај населението, работите и во овој регион се одвиваат без проблеми. Во Куманово има доволен број попишувачи. Претседателот на пописниот реон за Куманово и Старо Нагоричане, Александар Гелевски, рече дека пописот во реонот се одвива регуларни, ангажирани се 310 лица, од нив 258 реонски попишувачи, 26 реонски инструктори и 26 како резервни попишувачи.

Остани поврзан