• петок, 05 декември 2025

Силна поддршка за земјоделците во Берово и Робово – министерот Трипуновски на средби со кандидатите Ружински, Шахпаски и Китански

Силна поддршка за земјоделците во Берово и Робово – министерот Трипуновски на средби со кандидатите Ружински, Шахпаски и Китански

Берово, 2 октомври 2025 (МИА) - Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска беше во малешевските села Русиново и Робово, каде што оствари средби со кандидатот за градоначалник на Општина Берово, Петар Ружински, носителот на советничката листа, Влатко Шахпаски, и кандидатот за градоначалник на Пехчево, Александар Китански.

Во Русиново, разговорите со земјоделците се фокусираа на предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор во Малешевијата, а присутните имаа можност отворено да ги изнесат своите ставови и барања.

Во Робово, министерот Трипуновски се сретна со Александар Китански и локалните земјоделци, при што се разговараше за развојни проекти, поддршка за производителите и можности за соработка помеѓу централната и локалната власт.

-Со силна соработка помеѓу централната и локалната власт ќе донесеме вистински развој за земјоделството во Малешевијата и Пехчевско,“ истакна министерот Трипуновски.

Кандидатите Петар Ружински, Влатко Шахпаски и Александар Китански ја изразија благодарноста за посетата и поддршката, нагласувајќи дека земјоделството ќе биде еден од врвните приоритети во нивната работа. вс/мч/

Фото: Петар Ружински и Александар Китански (ФБ Профил)

Остани поврзан