• сабота, 27 јули 2024

Силна експлозија кај Парламентот во Могадишу

Силна експлозија кај Парламентот во Могадишу
Могадиш, 8 јануари 2020 (МИА) - Силна експлозија се случи утрово во близина на Парламентот во Могадишу. Претставникот на полицијата на Сомалија, Мохамед Абдикадир рече дека најверојатно станува збор за експлозија на автомобил-бомба, но сè уште нема детали. Во нападот на исламистичката група Ал Шабаб кон крајот на декември во главниот град на Сомалија загинаа 81 лице. паг/

Остани поврзан