• вторник, 27 август 2024

Силна експлозија во Кабул

Силна експлозија во Кабул
Кабул, 3 август 2021 (МИА) - Силна експлозија одекна   во Кабул во близина на „Зелената зона“ при што загинаа најмалку три лица, по што следуваа судири со огнено оружје и уште една експлозија. -Најмалку три лица загинаа, а седум се повредени, изјави Гулам Дастагир Назари, портпарол на Министерството за здравство, додавајќи дека судирите продолжуваат. Висок безбедносен претставник рече дека најверојатно експлозијата била предизвикана од автомобил -бомба, и дека очигледно целта била резиденцијата на пратеник. Се уште никој не презеде одговорност за експлозијата во Зелената зона, во која се сместени згради на владата и амбасади. Неколку минути по експлозијата, стотици цивили во Кабул излегоа на улиците извикувајќи Алаху Акбар за да изразат поддршка за авганистанската влада и противењето на талибанците. зш/

Остани поврзан