• понеделник, 16 декември 2024

Силна бура го погоди бразилскиот град Сао Паоло

Силна бура го погоди бразилскиот град Сао Паоло

Бразилија, 12 октомври 2024 (МИА) – Силна бура го прекина снабдувањето со електрична енергија во најголемиот бразилски град, Сао Паоло.

Ветерот со брзина од 108 километри на час собори далноводи поради што без електрична енергија се повеќе од 1,6 милиони луѓе.

Невремето усмрти едно лице во Сао Паоло, а најмалку четворица во истоимената сојузна држава.

Поради бурата затворени се и неколку аеродроми, а во некои области прекинато е и водоснабдувањето.

Сао Паоло со 21 милиони жители е еден од петте најголеми градови во светот покрај Токио, Сеул, Мексико Сити и Њујорк. ми/

фото: Икс

Остани поврзан