• петок, 22 ноември 2024

Силната бура одвлече десетина чамци и јахти во морето кај Поморие

Силната бура одвлече десетина чамци и јахти во морето кај Поморие
Софија, 18 септември 2022 (МИА) - Силната бура одвлече десетина чамци и јахти во морето кај Поморие. Има информации дека човек паднал во морето. Ова го соопшти регионалната администрација во Бургас. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Известена е поморската управа. Има дојава за блокирано семејство на островот Свети Иван, додаваат од регионалната управа. Инцидентите се резултат на бура од дожд што го погоди Бургас. Десетици дрвја паднаа во Бургас поради силниот ветер. Неколку села се без струја. Јавниот превоз е запрен во дел од бул. Марија Луиза поради паднато дрво на коловозот. Се вршат увиди. Силните налети на ураганскиот ветер на места достигнаа и до 100 километри на час, соопшти прес-центарот на општина Бургас врз основа на податоците на Хидрометеоролошката опсерваторија во Варна. Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан